Најави се
Од родители на воспитна група Јасли 2 во објект Лале на детска градинка Срничка
Тања како негувател ги чуваше, негуваше и воспитуваше нашите деца, за денес одненадеж да ја добиеме веста дека е сменета, односно преместена во друг објект. Бидејќи нашите дечиња од мали се во нејзина нега и се многу приврзани за неа, како родители во интерес на нашите деца за нивниот правилен развој без непотребни трауми БАРАМЕ Тања да биде вратена на работно место негувател на група Јасли 2 во објект Лале.
Сите родители едногласно се согласуваме и ја потпишуваме оваа петиција за нејзино враќање на работното место, повторно посочувајќи на нејзиниот одличен пристап кон децата кои ја сакаат и заедно со нејзнита колешка Габриела Цветковска се одличен тим.
